Документарниот филм „Добри луѓе“ на Манчевски за преживеаните во пожарот во Кочани вечерва на „МакеДокс“

Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски кој ја имаше светската премиера на Сараевскиот филмски фестивал, вечерва ќе биде прикажан во рамките на „МакеДокс“.

Картите се распродадени, но за оние кои ќе го пропуштат, филмот од 26. август ќе игра во Синеплекс.

Целиот приход од билетите, преку Support Kocani ќе биде дониран за помош на жртвите и преживеаните од трагедијата во Кочани.

Пред почетокот на проекциите, на платното ќе биде објавен QR код преку кој секој што сака ќе може дополнително да донира.

„Добри луѓе” е снимен со минимална филмска екипа, само еден месец по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 млади луѓе. Манчевски го сними со свои средства, во знак на почит кон жртвите и преживеаните и на публиката ѝ ги носи непосредните сведоштва на тивките херои, кои се обидувале да спасуваат животи, но и на преживеаните. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ми недостасуваат зборови… македонски мајстор” – меѓународните медиуми полни фалби за „Добри луѓе“ на Манчевски

Што напишаа странските медиуми по премиерата на „Добри луѓе“, филм за преживеаните од пожарот во Кочани на Манчевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести