Од 28 до 30 август, Аква Парк Пробиштип подготвува продолжен викенд исполнет со музика, водени предизвици и одлична забава за сите генерации.
„Летото продолжува, а последниот викенд од август носи тридневна програма и уште една можност за освежување, дружење и незаборавни моменти покрај базените и тобоганите.
Во петок, на 28 август, посетителите ќе уживаат во диџеј-сетот на DJ Naste, кој ќе донесе одлична музика и вистинска летна атмосфера. Во сабота, на 29 август, следува забавната трка со фламингоси – воден предизвик исполнет со натпреварувачки дух, смеа и изненадувања, а за музиката ќе се погрижи Dj Tammy. Во недела, на 30 август, за доброто расположение ќе бидат задолжени DJ Bono, кои ќе приреди незаборавна дневна забава покрај базените и во нив.
Со повеќе од 20 водени атракции и содржини за сите возрасти, Аква Парк Пробиштип е вистинското место за бегство од високите температури и максимално искористување на последните денови од август,“ велат оттаму.














