Невработеноста во второто тримесечје 11.3%

Државниот завод за статистика соопшти дека бројот на активното население во Македонија во второто тримесечје од годинава е зголемен за 0.8% во однос со истото тримесечје од минатата година, а бројот на невработени лица е намален за 1.5%.

Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 63.6%, а жени 36.4%.

Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1%. Од вкупниот број вработени, 57.7% се мажи, а 42.3% се жени.

Во второто тримесечје бројот на неформално вработените изнесува 101.022 лица, што претставува зголемување од 7.2% во однос на претходното тримесечје.

Порастот во најголема мера произлегува од зголемениот број неформално вработени во дејноста земјоделство, шумарство и рибарство, каде се евидентирани 51.487 лица, или 51% од вкупната неформална вработеност.

Во градежништвото се концентрирани дополнителни 17.2% од неформално вработените.

Ваквата структура укажува дека сезонските активности во овие две дејности имаат клучно влијание врз кварталните движења на неформалната вработеност.

Бројот на активно население изнесува 798.718 лица, на вработени – 708.698, а на невработени – 90.020. лица 

Стапката на активност изнесува 52.5%, на вработеност – 46.6%, а на невработеност – 11.3%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести