Тројца македонски државјани загинаа во сообраќајка во Словенија

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера на автопатот меѓу Унец и Равбаркоманда, Словенија, загинаа три лица од Македонија.

Тие починале на лице место.

Засега нема официјални информации за нивниот идентитет и возраст.

До несреќата дошло откако возилото со македонски регистарски таблички удрило во задниот дел од приколка на товорно возило, пренесуваат тамошните мадиуми.

Во возилото имало пет лица, сите македонски државјани. Едно од преживеаните лица било пренесено со хеликоптер во болница, а другото со возило на Брза помош.

Товарното возило било запрено поради дефект.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести