На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, повторно сведочеше вештакот и професор Горан Марковски.
Тој меѓу друго кажа дека објектот во кој беше т.н. дискотека не требало да биде тоа, бидејќи имал одобрение за градење со намена деловен објект за лесна индустрија, факт кој веќе е познат од досегашниот тек на судењето.
Посочи и дека градежниот инспектор имал право и обврска да побара објектот по неговата пренамена во дискотека, да се врати во првобитната состојба, бидејќи немал проектна документација, немал одобрение од Општината, а бил користен како дискотека, што носи висок ризик за безбедноста на посетителите.
Рече и дека истиот требало да биде затворен додека не се исправат законските неправилности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите градежни зафати во „Пулс“ биле нелегални
Фото: Игор Бансколиев














