На 56 се зголеми бројот на заболени со западно-нилска треска

Бројот на заболени со западно-нилска треска во Македонија се зголеми на 56, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 52 се водат како потврдени, а четири како веројатни.

Според место на живеење на заболените, 54 случаи се од Скопје, а по еден случај е од Велес и Куманово.

Регистрирани се 55 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.

Од регистрираните случаи, 44 или 78,7% се машки, а 12 или 21,3% се женски.

Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 45 (80,4%), седум се лица на возраст од 50-59, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години. Просечната возраст изнесува 65,8 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден од починатите од западно-нилска треска немал други заболувања

Која болест била регистрирана кај починатите од западно-нилска треска

Како да се заштитите од комарци, кои пренесуваат западно-нилска треска

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести