Македонските граѓани малку под европскиот просек во дебелина

Повеќе од половина од населението на ЕУ било со прекумерна тежина, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

16,3% од луѓето во Европската Унија на возраст над 18 години биле дебели, што значи дека имале индекс на телесна маса од 30 или повисок. Дополнителни 35,4% биле со индекс на телесна маса помеѓу 25 и 30. Генерално, .

Стапката на дебелина кај мажите е 17,4%, а кај жените 15,3%. Дополнително, 41,9% од мажите биле со прекумерна тежина, во споредба со 29,3% од жените. 

Најмногу дебели луѓе има во Малта, каде што повеќе од една четвртина од населението е со прекумерна тежина. Следуваат Литванија (24,6%) и Финска (23,2%). Најмалку дебели има во Италија (7,0%), Грција (12,8%) и Романија (12,9%).

Последниот податок на Евростат за Македонија е од 2022 година и вели дека дебели биле 15,4 % од македонските граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести