Синоќа на платото пред Музејот на Македонија во Старата скопска чаршија во рамки на обележувањето на 35 години независност на Македонија се одржа настанот „Уметноста ја крши тишината“.
На истиот музика пушташе и диџејката Myrophora од Грција, која работи и како водителка на солунското радио FLY 104 и е дел од грчкиот NON collective. Има летна резидентура на плажата “Super Paradise“ на грчкиот остров Миконос, настапувала и на Фестивалот на електронска музика “Reworks“ во Солун, како и на „Panathenaic Stadium“ во Атина.
Пред нејзе настапија Nino Fluder со Александра Илиева на саксофон и Ampov и Dimchuga од колективот Buru.
Настанот беше мултимедијален, а дел од него беа и Весна Микиќ, Јана Стојановска, Мишел Трајковски, Лаура Карлиу…, имаше и изложба, рецитал…














