Балканското полуфинале на Top Model Europe ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, на 19 октомври во 18.30ч. На отворањето на вечерта, ќе биде лансиран брендот ARE U KUL by Frosina Kulakova.
„Ова лансирање ќе биде еден од најзначајните моменти на изданието во Скопје и ќе му даде посебна димензија на настанот: вечерта нема да биде само дел од натпреварувањето на Top Model Europe, туку и сцена избрана за официјално претставување на нов моден проект пред публиката, професионалците и медиумите. Замислена како вистинска средба меѓу модата, новите таленти и современото творештво таа ќе ја претстави работата на повеќе модни креатори и дизајнери како Стефанија Насеска, Евгенија Зафировска, Тим Понграц, Александар Префо Рашковиќ, Chany Maria.
Драган Божино со Performative Exhibition „ ASPHYXIA“ ќе внесе дополнителна уметничка димензија на настанатот создавајќи дијалог меѓу модата, телото, движењето и современото уметничко изразување,“ се вели во соопштението.
Преку ова балканско полуфинале Top Model Europe ја продолжува својата мисија да открива нови лица и да им даде можност на талентите во подем да бидат забележани, истовремено создавајќи простор за средба меѓу модели, дизајнери, модни професионалци, медиуми и претставници од уметничкиот свет.
Настанот е од приватен карактер, поради ограничениот број на места, резервацијата на карти е преку следниот ЛИНК.
Фото: Top Model Europe














