Кој е Адем Чучуљ, кој е предложен за нов претседател на Антикорупциска

Адем Чучуљ е предлогот на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата за нов претседател на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Тој беше предложен од страна на Комисијата, едногласно, а доби најмногу бодови при селекцијата на кандидатите – 96,50.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адем Чучуљ е предлогот за нов претседател на Антикорупциска

Дали ќе биде избран за нов претседател на Антикорупциската комисија ќе се знае на почетокот на декември, кога за него ќе се гласа на пленарна седница во македонското Собрание.

Нов претседател се избира, бидејќи претходната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска поднесе оставка, откако беше обвинета во случајот „Адитив“ за оддавање податоци на еден од главните обвинети, што се смета за службена тајна, но и за фалсификување на исправа.

Кој е Чучуљ

Тој моментално е генерален секретар на ДКСК.

Чучуљ е дипломиран правник од Скопје.

Повеќе од деветнаесет години работи во службите на ДКСК. Бил советник за спречување на корупција во политиката, а сега е и прво контакт-лице за медиумите.

Бил предавач и на обуки за корупција и судир на интереси за јавни функционери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се кандидатите за нов претседател на Антикорупциска

Каков имот пријавила претседателката на Антикорупциска, Димитровска, која е обвинета за „Адитив“

Претседателката на Антикорупциска, по оставката, се враќа во Државниот завод за ревизија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести