Кој е Адем Чучуљ, кој е избран за нов претседател на Антикорупциска

Адем Чучуљ вчера во македонското Собрание беше избран за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

За негов избор гласаа 82 пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адем Чучуљ избран за нов претседател на Антикорупциска

ДКСК, доби нов претседател, откако претходната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка. Тоа го направи откако беше обвинета во случајот „Адитив“ за оддавање податоци на еден од главните обвинети, но и за фалсификување на исправа.

Кој е Чучуљ

Тој моментално беше генерален секретар на ДКСК.

Чучуљ е дипломиран правник од Скопје.

Повеќе од деветнаесет години работи во службите на ДКСК. Бил советник за спречување на корупција во политиката, а сега беше и прво контакт-лице за медиумите.

Бил предавач и на обуки за корупција и судир на интереси за јавни функционери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила претседателката на Антикорупциска, Димитровска, која е обвинета за „Адитив“

Која е Цвета Ристовска, која е избрана за заменик-претседател на Антикорупциска

Каков имот пријавила Цвета Ристовска, која е избрана за заменик-претседател на Антикорупциска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести