Адинг АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил вкупен приход во износ од 321.073 илјади денари, кој е поголем од минатогодишниот за 57.459 илјади денари, односно зголемување за 21,8%, информираше Друштвото преку Македонската берза.
-Во структурата на приходите најголем удел имаат приходите од продажба во износ од 317.755 илјади денари или 99% од вкупниот приход, од кои 61,7% се приходи од продажба на домашен пазар и 38,3% приходи од продажба на странски пазар.
Извозот е реализиран во подолунаведените региони, а нивното учество во вкупниот извоз е: Србија 52,2%, Бугарија 23,1%, Црна Гора 10,3%, БИХ 4,7%, Косово 3,9%, %, Украина 3,3% и останати 2,5%.
Во истиот период, остварени се вкупни расходи во износ од 277.108 илјади денари, што претставува зголемување во однос на минатогодишните за 47.905 илјади денари, односно за 20,9%.
На крајот на овој период, остварен е позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во износ од 42.822 илјади денари, која е поголема за 9,8% во однос на минатогодишната добивка, која изнесуваше 38.990 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реизбрани членовите на Управниот одбор на Адинг
По колку акции поседуваат членовите на УО и НО на Адинг