Агелер си заминува од Македонија, потврди американската Амбасада во земјава

Од американската Амбасада во Македонија за државната агенција МИА потврдија дека американската амбасадарока Анџела Агелер е отповикана од функцијата од страна на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја отповика американската амбасадорка во Македонија, Агелер

Агелер стана американски амбасадор во Македонија, во септември 2022 година откако на церемонија во американскиот Стејт департмент даде заклетва, а на почетокот на ноември истата година ја презеде функцијата.

Таа е еден од околу 30. амбасадори низ светот кои ќе бидат отповикани од функциите кои ги добиле за време на мандатот на претходниот американски претседател Џо Бајден.

Фото: Американска амбасада/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести