АХВ заплени 1.641 килограм ореви и кикирики од непознато потекло

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пронајде 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите.

Во рамки на истата пратка со надзорот на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација.

„Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени. Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за  пуштање во промет на небезбедна храна, односно, заради пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите,“ велат од АХВ

На сторителот изречена му е глоба од 600 евра во денарска противвредност.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести