Кои се најголемите акционери во Македонската берза, во која влегува хрватската држава

Македонска берза АД Скопје е во фокусот на инвеститорската јавност, откако македонската Комисија за хартии од вредност даде согласност хрватската финансиска агенција ФИНА, која е во сопственост на државата Хрватска, да се стекне со акции чиј вкупен кумулативен износ не надминува 30% од вкупно издадените акции со пра­во на глас од Македонска берза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватската држава влегува во Македонската берза

ФИНА, која веќе има добиено согласност од хрватскиот регулатор ХАНФА да се стекне со директно квалификувано учество во Загребската берза би влегла во Македонската преку Загребската, која поседува 29,98% од акциите на нашата берза.

Кои се најголемите акционери во Македонската берза

Моментално во акционерската структура, како што за еМагазин потврдија и од Македонската берза, освен Загребската берза, поголеми акционери со над 5% од акциите се и неколку банки: Шпаркасе банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Централна кооперативна банка АД Софија (Бугарија) и Уни банка АД Скопје.

Меѓу најголемите акционери е и КБ Публикум Инвест.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести