Албанија и Косово ќе испратат војници во Газа

Пет земји засега потврдиле дека ќе испратат свои војници во меѓународните безбедносни сили за Појасот Газа, Палестина, а меѓу нив се и соседите Албанија и Косово.

Другите се Индонезија, Мароко и Казахстан, а Египет и Јордан ќе ја обочуваат тамошната полиција.

Оваа беше соопштено вчера на првиот состанок на Одборот за мир, основан од американскиот претседател Доналд Трамп.

Долгорочниот план е во Газа да има 20.000 војници и да се обучат 12.000 полицајци.

Трамп информираше и дека девет држави ветиле дека ќе дадат вкупно седум милијарди долари за обнова на Газа, а САД ќе дале десет милијарди долари.

Покани за членство во Одборот, Трамп испрати до над 60 државни, но не сите прифатија учество.

Од регионот во Одборот е и Бугарија, како и Аргентина, Унгарија, Израел, Турција, Катар, Саудиска Арабија, Пакистан…

Клучни работи на кои во следниот период ќе работи Одборот се разоружувањето на исламистичката воена група Хамас, повлекувањето на израелските трупи, големината на фондот за обнова и на протокот на хуманитарна помош за населението на Газа.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести