Албанија отвора уште еден кластер, на патот кон ЕУ

Албанија ќе го отвори Кластерот 4 на шестата конференција за пристапување кон ЕУ на 16 септември, објави  Советот на ЕУ.

Во овој кластер се вклучени поглавјата 14 (транспортна политика), 15 (енергија), 21 (трансевропски мрежи) и 27 (животната средина и климатските промени).Албанија до сега отворила четири кластери, во кои се вклучени 27 поглавја од преговорите.

Албанија аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, доби статус на кандидат во 2014 година, а првата меѓувладина конференција меѓу Европската Унија и Албанија се одржа во 2022 година.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести