Во фирмата Алфафарм (Alphapharm Group) ДОО Скопје, регистрирана за одгледување и преработка на зачински, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба, по заплената на пет тони марихуана во Србија, е извршна вонредна контрола од страна на Министерството за здравство во кординација со Министерството за внатрешни работи, објави Слободен печат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е фирмата Алфафарм регистрирана во Македонија, чиј косопственик е уапсен во Србија
Информацијата за Слободен печат ја потврдиле од Министерството за здравство, а засега нема официјални информации што откриле и констатирале таму.
Фирмата е основана во 2023 година, а во 2024 година добила одобрение за одгледување медицински канабис.
Како што е познато марихуаната од Македонија заврши во фирма со корнишони во село кај Крушевац, каде беше запленета.
Предмет за марихуаната отвори и македонското Основно јавно обвинителство, а истиот го презеде Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија запленети 5 тони марихуана од фирма во Македонија














