Фирмата Алфафарм (Alphapharm Group) ДОО Скопје за производство на медицински канабис, регистрирана во скопскатата општина Кисела Вода е во фокусот на јавноста откако еден од основачите и сопственици, Иван Драгниќ, беше уапсен во Србија и заврши во притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија запленети 5 тони марихуана од фирма во Македонија
Тој е еден од петмината уапсени откако во селото Коњух кај Крушевац, беа запленети пет тони марихуана.
Која е Алфафарм
Фирмата е основана во јули 2023 година.
Регистрирана е за одгледување и преработка на зачински, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба.
Одобрение за производство на медицински канабис пак добила во 2024 година.
Освен Драгниќ, според Централниот регистар, косопственици се и Предраг Брковиќ, Роберт Живковиќ и Јована Мијаловиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш














