Јавноста е вознемирена од нов случај на насилство помеѓу малолетници. Овојпат во Штип малолетнички три месеци тепале и малтретирале нивна врсничка, а сето тоа било снимано со мобилни телефони од други деца.
Била тепана и малтретирана и во училишен двор!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Случајот, бидејќи најчесто малтретираните деца се плашат да го пријават и кај своите родители, беше откриен, како што раскажа мајката на малтретираното девојче, откако дете кое го видело тоа и било вознемирено и кажало на мајка си, а таа ја контактирала нејзе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Случаевите на врсничко насилство станаа речиси секојдневие. Пред неколку месеци три малолетнички во скопски Чаир нападнаа 11-годишно девојче, а една од нив со мобилен телефон и го снимила нападот. Видеото секако заврши на социјалните мрежи, па овие деца освен што се тепани и малтретирани, доживуваат и дополнителен јавен срам.
Како тоа дете после да се врати на училиште, кое меѓудругото треба да му даде и сигурност и безбедност.
Во јавноста се има впечаток, како што може да се заклучи од коментарите на социјалните мрежи, дека надлежните институции не си ја вршат работата и не гледаат дека имаме многу сериозен проблем со насилството помеѓу малолетниците.
Нема само Македонија ваков проблем. Во денешно време секаде има вакви инциденти. Разликата е во тоа што одредени држави сериозно му пристапуваат на овој проблем. Надлежните во земјава не треба да измислуваат топла вода.
Да, и родителите сериозно да му пристапат на проблемов. Како ќе се однесуваат нивните деца надвор од домот, најмногу зависи од нив!
Фото: Унсплеш