Само 16 македонски пратеници гласаа за резолуцијата за деблокада на хуманитарната помош во Газа

Додека ги гледаме ужасните снимки од Појасот Газа каде деца умираат од глад, во македонското Собрание не помина резолуција со која се бара деблокада на хуманитарната помош таму.

За истата вчера гласаа само 16 пратеници.

Со резолуцијата се бараше од Израел (кој ја блокира помошта) да овозможи без одлагање влез на хуманитарна помош (храна, медицински средства и логистичка поддршка) за цивилното население во Појасот Газа.

Исто така со нејзе се бараше македонската Влада да ги искори сите достапни дипломатски механизми за да се зголеми меѓународниот притисок врз Израел и да се обезбеди хуманитарна помош за жртвите во Газа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести