Антонио Валентинов Дичев и Николај Бебов избрани за нови членови на НО на УНИ Банка

Од Универзална Инвестициона Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Антонио Валентинов Дичев и Николај Бебов се именувани за нови членови на Надзорниот одбор (НО) на Банката.

Тие ќе имаат мандат од четири години, сметано од денот на добивање на претходна согласност од Народната банка.

Кои се Бебов и Валентинов Дичев

Бебов е магистер по право на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, а основните правни студии ги завршил на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија, Бугарија.

Тој е ко-основач и партнер во правната групација за финансиски услуги „Tsvetkova Bebov & Partners“.

Бебов бил ангажиран како експерт и ко-раководител во повеќе проекти во Македонија.

Како што информираат од Банката, тој имал богато искуство во трансакции на пазарите на долгови и акции, IPO, листинзи, корпоративно управување, банкарско кредитирање, проектно и аквизициско финансирање, како и во регулаторни прашања поврзани со CRR, CRD и BRRD, вклучително и теми од областа на банкарската стабилност, резолуција и управување со ризици.

Валентинов Дичев пак е доктор на науки по финансии на Академијата за економија „Д.А. Ценов“ во Свиштов, Бугарија.

Професионалната кариера ја започнал во Фибанк, каде напредувал од аналитичар до раководител на Одделението за статистички анализи и модели, а потоа бил и заменик-директор на Секторот за управување со ризици и член на АЛКО, позиција која ја извршува и денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реизбрани членови на НО на УНИ Банка

Милка Тодорова, претседателот на УО на УНИ Банка поднесе оставка

Дејан Кнезовиќ именуван за член на НО на УНИ Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести