Апел за рационална и одговорна употреба на водата за пиење од ЈП Водовод и канализација – Скопје

Од Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје информираа за зголемена потрошувачка на водата и апелираат до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата.

-Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци.

Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.

Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или vodovod-skopje.com.mk, велат од таму.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести