Апелациониот суд Скопје во четвртокот му одобрил времен пасош на сопственикот на Пуцко петрол, Асмир Јахоски, кој е осомничен за перење пари во случајот со злоупотреби при набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, објави телевизијата Телма.
-При одлучувањето земен е предвид предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да се дозволи издавање на времена патна исправа, како и мислењето на Вишото јавно обвинителство да се уважи жалбата на осомничениот и издаде времена патна исправа, велат од Судот за Телма.
По дозволата од Апелација, Министерството за внатрешни работи му издало времен пасош за шест месеци, со кој во петокот ја напуштил Македонија, објави телевизијата.
Како што е познато на Јахоски откако излезе од притвор со гаранција од над 2 милиони евра, му беше одземен пасошот, а за него има и мерки за претпазливост, односно треба да се јавува секој прв понеделник во месецот во Основниот кривичен суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газдата на Пуцко петрол, Јахоски, кој беше во Истанбул, се вратил во Македонија
Од таму денеска потврдија дека се јавил во Судот, но и дека го одбиле барањето на неговата одбрана да му издаде времен пасош, па по жалба на Јахоски, одлучувала Апелација.
Јавноста дозна дека Јахоски има времен пасош, откако негов роднина објави фотографии на Фејсбук на кое Јахоски е во Истанбул, Турција, за дипломирање на член на семејството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Газдата на “Пуцко петрол“, Асмир Јахоски со времен пасош во Истанбул