Категорија: Редакција

РЕсет со Реплек покрај Охридско Eзеро: Вежбајте со Елена Бубало во придружба на Емилија Колоска

Во рамките на РЕсет платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, под познатото мото „За мое добро“, продолжува серијалот вежбање на отворено со познатата фитнес инструкторка Елена Бубало, овој пат покрај езеро, во еден од најубавите градови во земјава, Охрид. Сесијата ќе се одржи на 9. август 2025 година (сабота), со почеток во 18.45

Прочитај повеќе

МПЦ-ОА oснова уште една фирма за бизнис со струја, објави Призма

Призма објави дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) основала заедничка фирма за производство на енергија од обновливи извори со австралиската компанија „Пела глобал лимитед“. Станува збор за фирмата „Константин енерџи“. Во 2020 година МПЦ-ОА пак заедно со три физички лица и друштвото „Мелничко-пекарска индустрија Жито Караорман“, ја основаа

Прочитај повеќе

Договор од над 1 милион евра склучи МВР со „Интек систем“

Министерството за внатрешни работи склучи договор за набавка на лиценци за IBM со друштвото за компјутерски услуги Интек систем ДОО Скопје. Договорот е во вредност од 63.720.000 денари или 1.036.098 евра.

Прочитај повеќе

Детален преглед: Како работеле компаниите кои котираат на Македонската берза во првото полугодие

Македонската берза објави преглед како работеле друштвата кои котираат на Берзата во првото полугодие годинава. Истиот покажува дека 62 работеле со добивка, а 23 со загуби. Во истиот период лани 66 друштва работеле со добивка, а 21 со загуба. Детален преглед како работеле сите, ОВДЕ.

Прочитај повеќе

Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, НЛБ Банка и Алкалоид, најтргуваните во јули

Македонската берза го објави билтенот за јули, кој покажува дека најтргувани акции за тој период се акциите на Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Алкалоид АД Скопје. Со акцијата на Комерцијална е остварен промет од 128,9 милиони денари, со акцијата на НЛБ Банка, 55,4 милиони денари и

Прочитај повеќе

Јавна опомена од Македонската берза за 3 друштвa

На друштвата Фабрика Карпош АД Скопје и Кристал 1923 АД Велес, котирани на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи за 2024 година заедно со годишниот извештај за работењето за 2024 година, усвоени

Прочитај повеќе

Членот на УО на Реплек, Котески, купи акции на компанијата

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека членот на Управниот одбор на Друштвото, Коста Котески се стекнал со 10 нови акции и сега вкупно поседува 400 обични акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Настел продаде нови акции во Реплек Владимир Пецовски купи нови акции на Реплек Генералниот директор на Реплек, Пецовски,

Прочитај повеќе

Сомнеж за убиство: Во куќа во Кавадарци пронајден починат 42-годишен маж

Во куќа во Кавадарци бил пронајден починат 42-годишен маж. Како што информираа од Основното јавно обвинителство Кавадарци, неговото тело било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој

Прочитај повеќе

Пожарникари од Велес спасувале мајка и дете во автомобил заглавен во вода поради невремето

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа околу 19 часот спасиле мајка и дете заглавени во поплавен автомобил кај поранешниот силос на „Жито Вардар“. Според информациите од ТППЕ Велес, возилото останало заглавено на поплавена улица, а мајката и детето не можеле самите да излезат. Благодарение на брзата интервенција на

Прочитај повеќе

Осуденик усмрти друг осуденик во Психијатриска болница Скопје во Бардовци

Осуденик усмрти друг осуденик во судскиот оддел во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје“ во Бардовци. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи инцидентот се случил синоќа, 50 минути по полноќ, откако настанала физичка пресметка помеѓу двајцата осуденици. Починатиот И.Т. (62) од скопското село Љубанци бил удрен со стаклено

Прочитај повеќе

(Видео) Победникот на Евровизија во 2024, Немо, го враќа трофејот, поради учеството на Израел

Откако бројни поранешни учесници, но и победници на Евровизија од различни земји, ја осудија одлуката на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), Израел следната година да учествува на Евровизија, победникот на натпреварот во 2024 година, Немо, преставник на Швајцарија, информираше дека поради одлуката ќе го врати освоениот трофеј. View this post on

Прочитај повеќе

(Видео) Во Кочани засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

Во Кочани денеска беа засадени 63 јавори во спомен на починатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“. Родителите на загинатите порачаа дека секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање. -Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат, ќе се гранат и ќе сведочат за нивното постоење.

Прочитај повеќе

Благајник од Прилепската болница осомничен за проневера на над 240 илјади евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднела кривична пријава против Д.К. во својство на службено лице при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело ”Проневера во службата„ од член 354 ст.3 в.в. со член 45 од КЗ, информираа од

Прочитај повеќе

Започна пријавувањето за традиционалната Coca-Cola Дедомразовска Трка 2025

Започна пријавувањето за традиционалната Coca-Cola Дедомразовска Трка 2025, највеселиот и најпразничниот спортски настан што секоја година ги обединува децата, семејствата и сите љубители на празничната енергија. Трката ќе се одржи на 28. декември 2025 година (недела), со старт од Плоштад Македонија. Оваа уникатна трка не е само натпреварувачка, туку и забавна, а сите,

Прочитај повеќе

„Светот на Биби“ и DexyCo го претставуваат новиот анимиран серијал „The Toothstars“ наменет за глобалниот пазар

„Светот на Биби“ започнува ново, значајно поглавје. По години посветеност и создавање детска едукативна содржина која веќе го освојува регионалниот пазар. Новиот анимиран серијал насловен „The Toothstars“ е развиен од InnovaRights & Licensing – партнерска компанија основана од DexyCo и „Светот на Биби“, специјализирана за создавање, лиценцирање и интернационализација на

Прочитај повеќе

Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека извршила увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Македонија, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 автошколи. -При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите –

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести