ИТНО: И требаме на 32-годишната Ивана, мајка на 7-годишно девојче

Ивана има само 32 години. Мајка е на 7-годишно девојче, кое секој ден ја чека да се врати дома. Но, денес, Ивана се бори со најтешката битка – карцином на матката, четврти стадиум.

-Ситуацијата е сериозна, но постои надеж. Постојат можности за третмани во Турција кои можат да ѝ дадат шанса за живот. Но, времето е кратко. Секој изгубен ден значи изгубена шанса.

Ова не е само борба за здравје. Ова е борба на една мајка да остане покрај своето дете. Борба за уште еден ден, уште една прегратка, уште една можност да биде тука. Семејството не може само да ги обезбеди потребните средства.

Затоа денес се обраќаме до сите Вас. Донирајте – колку што можете. Споделете – за да стигне апелот до што повеќе луѓе. Секоја донација значи надеж. Секое споделување значи шанса.

Да не дозволиме едно дете да остане без својата мајка. Да ѝ помогнеме на Ивана да се врати дома, стои во апелот.

Средствата собрани за кампањата ќе бидат искористени за лекување на Ивана во Турција.

Донирајте ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести