(Вознемирувачко видео) 21-годишник уби десет лица во училиште во австрискиот град Грац, па се самоуби

Австриец на возраст од 21 година денеска во напад на училиштето „Борг Драјершиценгасе“ во Грац, Австрија, уби десет лица, и рани најмалку 12, по што се самоуби во школскиот тоалет.

Тој е поранешен ученик во училиштето, кое не го завршил, а од убиените девет се ученици, а еден е наставник.

Мотивот е најверојато дека бил малтретиран кога учел таму.

Напаѓачот имал дозвола за оружје, а во нападот користел пиштол и сачмарка, пренесуваат локалните медиуми.

Во Австрија е прогласена тридневна жалост.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести