Прекин на проток на гориво до моторите – причина за падот на авионот на „Ер Индија“

Прекин на проток на гориво до моторите е причина за падот на авионот на „Ер Индија“, се вели во извештајот за истрагата за несреќата.

Oткако авионот ја достигнал својата максимална регистрирана брзина, прекинувачите за исклучување на горивото на двата мотори, преминале од позиција „работи“ во позиција „исклучи“ еден по друг во рок од една секунда, без да се наведе причината зошто дошло до исклучување за време на летот.

Прекинувачите биле вратени во позицијата „работи“, но авионот не можел доволно брзо да добие моќност за да го запре спуштањето откако почнал да губи надморска височина. Летот траел околу 30 секунди помеѓу полетувањето и падот.

Во несреќата која се случи на 12 јуни, загинаа најмалку 260 луѓе, меѓу кои и 19 во хостелот врз кој падна, во северозападниот град Ахмедабад. Само еден патник ја преживеал несреќата, кој избегал низ отвор во трупот на паднатиот авион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Авион на „Ер Индија“ се урна по полетувањето, загинаа најмалку 242 лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести