Австралија, Обединетото Кралство и Канада формално ја признаа Палестина како суверена и независна држава, со што како и поголемиот дел од светот испратија порака дека најдобро решение за воениот конфликт помеѓу Израел и Палестина е постоење на две држави.
Деновиве пред конференцијата на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк која ќе се одржи следната недела, на која ќе доминираат прашања за палестинската државност, се очекува серија на признавање на Палестина и од европски земји, а Македонија не е помеѓу нив. Додека бројни земји го најавуваат тоа, нашата земја молчи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН потврди дека има глад во Газа, Израел се уште не го видел
Само 16 македонски пратеници гласаа за резолуцијата за деблокада на хуманитарната помош во Газа
Фото: Унсплеш