Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека извршила увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Македонија, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 автошколи.

-При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите – картел при формирањето на цените за обука на кандидатите за возачи што преставува потенцијално прекршување на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата.

Комисијата продолжува со интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите релевантни факти.

Доколку се потврди постоење на забрането договорно дејствување, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Законот, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести