Додека се чека со казнувањето, возачите почнаа да користат апликација за избегнување на прекршоци

Додека се чека да се почне со казнување за сообраќајни прекршоци преку електронскиот систем „Безбеден град“, возачите во Скопје, каде моментално единствено засега е имплементиран овој систем, си најдоа дигитална алтернатива за избегнување на прекршоци.

Станува збор за навигациската апликација Waze.

Истата има прецизна мапа на камерите за брзина (фиксни, мобилни и новопоставени), има можност за гласовни предупредувања при приближување до камера, споделува информации за присуство на полиција, радари, работна на пат, метеж, кои ги внесуваат корисниците, а самите возачи ги ажурираат новите камери и даваат пресметка за најбезбедната рута.

Засега граѓаните добиваат само опомена за прекрошоци, а казни преку СМС пораки или преку мејл, треба да почнаат да добиваат од 1. јануари. Постои можност казнувањето да се одложи за од 1. февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли одлагање на казнувањето преку “Безбеден град“?

Како граѓаните го прифатија „Безбеден град“: Најмногу реакции за казните за брзина од 51км/ч

Казна ќе добивате на СМС порака или на мејл: Како ќе се казнува за сообраќајни прекршоци со “Безбеден град“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести