Бегалецот Артан Груби се крие во Албанија?

Роденденските честитки на социјалните мрежи по шест месеци откако избега од Македонија, повторно го вратија поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, во фокусот на медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајката на Артан Груби го брани, го гонеле како во комунизмот

Се огласи и неговата мајка Зира Груби која обвини дека тоа што Груби со неговото семејство е на т.н. црна листа на САД и што е осомничен за проневера во Државна лотарија е политички одмаза и дека било како во времето на комунизмот.

Каде е Груби?

И по половина година се уште не се знае каде е бегалецот Груби.

Изминатиов период медиумите шпекулираа дека е во Албанија, а познато е дека ја напушти Македонија преку Косово.

За него е распишана и меѓународна потерница.

Соговорници на телевизијата Телма тврдат дека тој и понатаму е во Албанија каде внимавал и избегнувал јавни појавувања, а имал и блиски врски со влијателни поединци во Тирана.

Според соговорниците на телевизијата тој речиси воопшто не контактирал со луѓе во Македонија од неговиот партиско-политички-универзитетски делокруг на познанства и пријателства и дека не контактирал ниту со претставници на ДУИ, бидејќи таквите информации ги базираат на тоа што никој од неговите некогашни сопартијци не се пофалил јавно дека се слуша и комуницира со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај е Артан Груби?

Каков имот пријавил бегалецот Артан Груби

Како Артан Груби и Прпарим Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести