Беким Сали избран за нов министер за европски прашања, Мухамет Хоџа за животна средина

Поранешниот министер за здравство, Беким Сали, денеска во македонското Собрание беше избран за нов министер за европски прашања.

Тој доаѓа на местото на Орхан Муртезани, кој беше разрешен.

Мухамет Хоџа, поранешниот владин портпарол, пак, беше избран за нов министер за животна средина и просторно планирање.

Сали и Хоџа станаа нови министри откако поранешниот прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, стана градоначалник на Општина Чаир на последните локални избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Беким Сали, кој ќе биде прв вицепремиер

Каков имот пријавил Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир

Кој е Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир, кој ќе ја води Општината по четврти пат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести