Адинг со зголемена добивка во првите девет месеци

Адинг АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварил вкупен приход од 504.349 илјади денари, кој е поголем од минатогодишниот за 88.711 илјади денари, односно има зголемување за 21,3%, информираше Друштвото преку Македонската берза.

-Во структурата на приходите најголем удел имаат приходите од продажба во износ од 499.518 илјади денари или 99% од вкупниот приход, од кои 64,1% се приходи од продажба на домашен пазар и 35,9% приходи од продажба на странски пазар, велат од таму.

Друштвото остварило вкупни расходи од 438.694 илјади денари, кои се зголемени во однос на минатогодишните за 79.225 илјади денари, односно за 22%.

-На крајот на овој период, остварен е позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во износ од 67.979 илјади денари, која е поголема за 22,1% во однос на минатогодишната добивка, која изнесуваше 55.683 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реизбрани членовите на Управниот одбор на Адинг

Адинг со зголемена добивка во првите шест месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести