Некои деца никогаш не биле на одмор: Како да помогнете да им се оствари тој сон

За жал во Македонија имаме голем број на семејства кои никогаш не биле на одмор и дечиња кои посакуваат и само сонуваат да заминат на езеро, море, планина…

Постои можност да го исполниме нивниот сон и да бидеме дел од одморот на соништата, велат од Фејсбук групата Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце, креирана од здружението на граѓани „Куќа на среќата“, од каде осма година по ред со помош на хумани луѓе и општествено одговорни фирми, праќаат бесплатно на одмор семејства кои не се во можност да си го дозволат тоа.

Со вртење на бројот 143 404 за корисниците на Телеком и А1, вие станувате дел од нивниот одмор.

-Вашите 100 денари ќе ни помогнат да се соберат потребните парични средства за да може да пратиме што е можно повеќе семејства на одмор.

Доколку не сте во можност да донирате, ќе Ве замолиме да споделите, може некој од Вашите пријатели ќе може да донира. И споделувањето е од помош. Ова лето да бидеме среќа за многу семејства.

Нашата цел е да испратиме на одмор семејста кои никогаш не биле на одмор, кои не виделе езеро, нe па море. Целта е да бидат пратени додека е летниот распуст. Но, за да ги испратиме само сместување не е доволно. Потребен е и превоз, потребна е храна, потребни се реквизи, потребни се пасоши, потребно е осигурување…, посочуваат од групата.

Од групата се фокусирааат на семејства во социјален ризик, семејства со лица со посебни потреби, семејства со нарушена здравствена состојба, еднородителски семејства, самохрани семејства, семејства со ниски примања…

– Доколку дома имате реквизити за на плажа, мускули, гуми, топки, лежалки, чадор, пешкири, торби, костими за капење, влечки… или се она што е потребно и корисно и можете да го донирате пишете ни во порака за да се организираме и договориме во поглед на донирањето или пак доставата.

Вашата донација е важна и може да донесе многу среќа во животите на многу семејства, велат од групата.

Како да помогнете?

Освен преку донацискиот број пари можете да донирате и на сметката на здружението Куќа на среќата (види фото).

-Уплатете одмор или доколку поседувате сместувачки капацитети отстапете еден термин за едно семејство. Донирајте превоз. Уплатете патничко осигурување. Донирајте реквизити за плажа. Донирајте козметика за сонце и против инсекти, велат од групата.

Здружението има профил и на ТикТок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести