Безживотно тело на девојка пронајдено во Тетово

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово потврдија дека вчера е пронајдено беживотно тело на девојка во Тетово.

Повеќе медиуми јавија дека неофицијално се работи за 25-годишна девојка од Косово, која била студент.

Од ОЈО Тетово само потврдуваат дека престојувала во стан кој бил изнајмен и дека таму е направен увид.

-Првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело, велат од таму.

Телото на девојката е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести