Битола ќе добие мега хотелски комплекс „АТИК Премиум“ со пет ѕвезди, во центарот на градот во близина на Широк сокак, на местото на поранешната касарна, пренесе локалниот портал Апла.
Првата фаза е во тек, а истиот треба да биде изграден за две години и шест месеци, а да почне да работи за три години.
Истиот е предвидено да има 71 двокреветни луксузни соби, 30 дуплекс и трипкекс мега апартмани, трговски објект од близу 2.700 m2, големо казино, лајв луксузен ресторан, сали за оддржување на големи конференциски и други настани, голем паркинг, мега теретана со спа центар и базен и салони за убавина.
Комплексот е во сопственост на копманиите “Премиум Пиво Дооел Битола”, “АТИК Премиум ДОО Битола”, каде кососпстеници се Александар Талевски и Игор Колевски, кои се партнери инвеститори на повеќе проекти на станбени згради во Битола.
Инвестицијата е во вредност од 12.5 милиони евра.