Српските медиуми објавија дека пред три дена во Боливија, Јужна Америка, се убиени двајца Срби и еден Македонец, кои биле дел од организирана криминална група вклучена во дистрибуција на кокаин од Јужна Америка за Европа.
Според српски Курир, убиениот Македонец е 42-годишниот Дејанчо Лазаревски од Струмица, кој го викале Македонец.
Еден од убиените Срби е 38-годишниот Милан Џекиќ од Ниш.
Не е познато кој е другиот Србин, бидејќи најверојатно имал фалсификувани документи.
Неофицијално, тие биле убиени во престрелка помеѓу нарко картели.
Се претпоставува дека пред да бидат убиени, биле мачени. Телата им биле пронајдени во црни вреќи.
Тројцата подолг период биле во Боливија и соработувале со т.н. балкански картел.
Фото: Унсплеш/видео: Bolivia TV Oficial