Повторно лажни дојави за бомби во 47 училишта во Скопје и Куманово

Вчера околу 18 часот повторно имало пријави за поставени бомби во неколку училишта во Македонија.

Истите се лажни, а како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), дојавите по мејл биле испратени во 30 училишта во Скопје и 17 во Куманово.

Ваквите дојави не само за во училиштата, во Македонија последниве години зачестија, а дојави има и во други неколку земји во регионот.

Во Македонија се откри дека дел од дојавите биле испратени од малолетници, а за дел не се откри кој ги испраќал.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести