Газдата на Марковски компани од куќен оди во затворски притвор

Од куќен, газдата на Марковски компани, Борче Марковски, оди 30 дена во затворски притвор.

Од Основниот суд Битола ја прифатија жалбата на Основното јавно обвинителство Битола, Марковски да добие затворски притвор поради можност за бегство, но и поради тоа што поседува имот во друга држава, без да споменат повеќе детали за имотот.

Марковски има фирма и во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борче Марковски, газдата на Марковски компани има фирма и во Србија, и таму добивал тендери

Марковски, заедно со вработен во Марковски компани, како и фирмата како правно лице се дел од истрагата за шема за перење пари преку лажни фактури во РЕК Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Марковски компани, чиј газда Борче Марковски заврши во куќен притвор

За што се осомничени газдата на Марковски компани, вработен во компанијата и службени лица во РЕК Битола: Детали од Обвинителството

Битолскиот суд одреди куќен притвор за Борче Марковски и уште еден осомничен за случајот со РЕК Битола, Обвинителство ќе се жали

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести