Поранешниот лидер на СДСМ и поранешен премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски предизвика бура од реакции во јавноста и на социјалните мрежи, откако беа објавени фотографии на кои е во друштво на членови на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.


На една од фотографиите Црвенковски, кој со години официјално е повлечен од јавниот политички живот, во Охирд е на маса со актуелниот градоначалник на Општината, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот на партијата, Саше Доневски и Јован Мирчевски, сопственикот на „Пупе Компани“, а на втортата, е со Марина Горговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.
Првата фотографија ја објави порталот Инфомакс, а втората Горговска на својот Фејсбук профил.

Засега нема никаква реакција од Црвенковски и од другите лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ