Бугарија го нарече македонскиот „достапен јазик“

Бугарија, која не го признава македонскиот јазик, уште еднаш го потврди тоа во реакцијата на тамошното Министерството за надворешни работи (МНР), кое реагира на изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, дека земјата имала забелешка на Акцискиот план за малцинствата кој го изработи Македонија, оти бил напишан на македонски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија не го бендисала Акцискиот план за малцинствата оти бил напишан на македонски јазик, вели Мицкоски

Бугарското МНР во реакцијата не користи македонски јазик, а истиот го нарече “достапен“.

Од таму велат дека земјата била загрижена од “последователните тези на властите во Скопје, кои остро се разминуваат со есенцијата на Европскиот консензус од 2022 година“.

Посочуваат и дека нацртот за Планот не бил на македонски (без да го споменат тоа), туку на англиски јазик.

„Прашањето – на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците што се очекува од Северна Македонија – е внатрешно за соседната држава и не е тема на билатералните односи. Документот ќе се спроведува токму од нејзините институции кон нејзините сопствени граѓани и логично е да биде на јазик достапен за нив.

Изборот на Скопје да го претстави нацртот на тој план на своите граѓани на англиски јазик е тешко објасниво, особено ако се планира Планот да биде реално спроведен“, велат од бугарското МНР, потсетувајќи дека Акцискиот план треба да следи по впишување на Бугарите во македонскиот Устав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо неаргументирани коментари, Бугарија целосно да го почитува и признае македонскиот јазик, му одговори македонското МНР на бугарското

(Видео) Забрането ли е да се пее на македонски во Грција?

Фото: бугарско МНР/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести