Бугарија во нападот на Арсовска виде уште еден напад на бугарски државјанин

Веста за нападот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е топ тема и во Бугарија. Тамошните медиуми, но и политичари на социјалните мрежи, пишуваат дека оваа е уште еден напад на бугарски државјанин во Македонија, оти според нив Арсовска имала бугарско државјанство, и изразуваат загриженост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалничката Данела Арсовска физички нападната во Чаир

Арсовска денеска беше нападната во скопски Чаир, додека со вработени во Град Скопје правела увид на дивоградба.

Во кампњата за последните локални избори, за Арсовска, од СДСМ објавија дека имала бугарска лична карта.

Таа демантираше дека има бугарско државјанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска објави фотографија од лицето кое ја нападнало

За нападот на Арсовска приведени две лица

(Видео) Пред полицајци ме удираше и ми се закануваше дека ќе ме силува: Данела Арсовска за нападот

Фото: Арсовска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести