Во среда ќе се расправа за Предлог-извештајот на известувачот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, а за истиот се поднесени дури над 300 амандмани, најголем дел од бугарски и грчки европратеници.
Како што веќе пишуваше еМагазин европратеници од Холандија, Австрија, Германија, Романија, Естонија, Хрватска и Литванија со амандмани бараат во истиот да бидат вметнати и македонскиот јазик и идентитет, како многувековени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За разлика од нив бугарски европратеник од владејачката ГЕРБ со амандман го дефинира македонскиот јазик и идентитет како сегашен.
Гласањето за амандманите е со мнозинство, а за Извештајот ќе гласа следниот месец.
Според македонскиот премиер Христијан Мицкоски оваа нова бугарска провокација покажува дека кај источниот сосед се уште е жива политиката на живковизмот и дека ваквото однесување на Софија докажува дека за нив не е важно Бугарите да влезат во македонскиот Устав, туку дека се работи за борбата за целосна асимилација.
„Суштината е асимилација, исто како што во пописот 56-та година во соседна Бугарија постојат скоро 200 илјади Македонци, а во пописот 65-та, едвај 9 илјади“, рече Мицкоски.
Тој ги повика политичарите во Брисел внимателно да ги слушнат пораките кои доаѓаат од нивните бугарски колеги и дали тие имаат врска со европските вредности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците ги нема, а кои малцинства ги има во бугарскиот владин Совет
Нема да има план Б за Македонија, Бугарија си изгласа и резолуција за тоа
Што бараат бугарските и грчките европратеници да биде вметнато во извештајот на ЕП за Македонија
Фото: Игор Бансколиев