За време на новогодишната ноќ, лекарите имале полни раце работа, поради инцидентите. Се случиле три сообраќајни несреќи, од кои, во една од нив имало тешко повредена 17-годишна девојка која била оперирана.
20 лица биле повредени од пиротехнички средства, помеѓу кои деца на возраст од 12 и 13 години, како и 69-годишен маж.
Од осум случаи на физичко насилство, шестмина биле со телесни повреди и по укажана медицинска помош, биле пуштени на домашно лекување. Кај едно лице имало убодна рана од нож.
31 пациент имало на Клиниката за токсикологија од кои 13 биле деца, а најмладото имало само 14 години.
30-годишен маж се наоѓа во животозагрозувачка состојба откако бил пронајден кај Буњаковец по пад од висина, по што му било извршена операција на ’рбетниот столб. 16-годишно момче во Штип е пренесено на Неврохирургија, исто така по пад од висина.
Фото/МЗ














