Цената на парното засега останува иста, конечната одлука ќе се знае најдоцна до октомври

Цената на парното засега останува иста, а конечната одлука ќе се знае најдоцна до октомври откако Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси (РКЕ) ќе ги добие извештаите за направената процена на основните средства за производство на топлинска енергија, кои што ги прави Бирото за процена, изјави денеска на прес-конференција првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.

„Оваа одлука ја донесовме поради тоа што РКЕ во изминатиот период ги анализираше барањата за цени на петте претпријатија кои што ги доставија. Имајќи предивид дека имаме основни средства за производство на топлинска енергија кои што се во сопственост на една компанија и се дадени под закуп на „ЕСМ производство за топлинска енергија“, во овој период ја очекуваме процената на овие основни средства која што ја изготвува Бирото за процена,“ истакна Бислимоски.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести