Цените на угостителските услуги во септември повисоки за 4.7%

Цените на угостителските услуги во септември годинава во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 4.7%, соопшти Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.2%, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1.9%.

Цените во угостителството, по групи во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, се зголемени кај групата Безалкохолни пијалаци за 0.1%, додека кај групите Храна, Алкохолни пијалаци и Ноќевања не се забележани промени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести