Мицкоски има часовници вредни 52 илјади евра

Часовниците на премиерот Христијан Мицкоски станаа топ тема, откако Фејсбук групата I FN love watches го стави на листа во која се анализираат часовниците на 20 лидери на НАТО.

Според групата Мицкоски има рачен часовник „ИВЦ Портофино“, чија вредност се проценува на околу 6.900 долари.

Мицкоски во анкетниот лист кој го доставил до Антикорупциската комисија пријавил часовници во вредност од 3.208.254 денари или 52.400 евра. Истите ги стекнал во 2015 и 2016 година.

Најскап часовник од анализираните лидери има белгискиот премиер Барт де Вевер – околу 19.000 долари.

Според групата, премиерот на Албанија, Еди Рама, има часовник „Monblanc Star Chrono“, вреден околу 4.700 долари, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, има часовник „Hamilton“, вреден околу 2.000 долари, германскиот канцелар Фридрих Мерц, има „Rolex“, вреден околу 8.000 долари, италијанската премиерка Џорџиа Мелони има „Apple Watch“, вреден околу 250 долари, британскиот премиер Кир Стармер има „Tissot“, вреден околу 725 долари, американскиот претседател Доналд Трамп има „Vacheron Constantine Historique“, вреден околу 15.000 долари…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Христијан Мицкоски, кој е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести