Чешка и Словенија ќе испраќаат помош за гаснење на пожарите

Чешка и Словенија денеска понудиле помош за справување со пожарите во земјава, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

„Хеликоптерот „Блек хок“ од Чешка утре наутро ќе полета и во текот на утрешниот ден ќе биде на скопскиот аеродром, а веднаш потоа ќе биде упатен онаму каде што ќе биде најпотребен.

50 пожарникари и специјални возила за гасење шумски пожари од Словенија ќе тргнат утре околу пладне, а утревечер доцна во ноќта ќе бидат пристигнати во Берово и ќе бидат поддршка на беровските пожарникари и другите служби кои учествуваат во гасењето на големиот пожар на планината Готен од беровска страна,“ изјави Ангелов.

Според последните информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), 10 пожари се активни, пет се под контрола, а пет се изгаснати.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести