Црногорските транспортери, кои заедно со колегите од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина три дена ги блокираа граничните премени заради системот за влез и излез (ЕЕС) од Шенген зоната на Европската унија (ЕУ), денеска ги прекинаа блокадите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четврти ден блокади на граничните премини заради правилата за влез и излез во Шенген зоната
Македонските и транспортерите од Србија и Босна и Херцеговина засега продолжуваат со блокадите, четврти ден по ред.
Прекинот на блокадата, како што пренесуваат црногорските медиуми следи по нивната средба со преставници на црногоската Влада.
Тие освен за системот ЕЕС протестираа и затоа што Министерството за финансии не ги прифати нивните барања за зголемување на износот на поврат на акцизите за горива што ги имаат нивните колеги во регионот, бараа и побрзо враќање на износот на ДДВ за 30 до 60 дена, затоа што чекаат со години, како и да се продолжи работата на царинската и фитосанитарната инспекција.
Фото: Влада













